Натпреварот помеѓу Аталанта и Комо од петтото коло од италијанската Серија А, кој беше закажан за вечерва во термин од 20:45 часот во Бергамо е одложен за утре.
Натпреварот е одложен поради силниот дожд кој го зафати Бергамо денеска. Најпрво мечот беше одложен за 15-20 минути, но дождот не се смири и официјалните лица беа приморани да го одложат натпреварот за утре. Тревната подлога е целосно поплавена и нема никакви услови за игра.
Натпреварот утре ќе се одигра во истиот термин од 20:45 часот.