Барселона сака да го продолжи договорот со играчот од средниот ред Френки де Јонг. Актуелниот договор на Холанѓанецот е до летото 2026 година, но клубот веќе работи на негово продолжување.
Каталонскиот гигант во моментов се обидува таа соработка да биде до 2029 година.
27-годишниот играч од средниот ред сè уште ја негува повредата што ја заработи минатата сезона и допрва треба да забележи минутажа од почетокот на тековната кампања. Сепак, шефовите сметаат на него на долг рок и се подготвени да му дадат нов договор.
Инаку, од доаѓањето на Камп Ноу од Ајакс во 2019 година, Де Јонг има одиграно 213 натпревари на кои за Барса има 17 гола и 21 асистенција.