Пеналите го одлучија финалето, златото за Канада!

130

Репрезентацијата на Канада во женски фудбал го освои златниот медал на ОИ во Токио. Фудбалерките на оваа земја во финалето, кое штотуку заврши, успеаја на пенали да слават против силната селекција на Шведска и со право се радуваа на најсјајното одличје на овој турнир.

Во регуларниот дел резултатот беше 1:1, а откако и по продолженијата немаше гол, се тргна на удари од белата точка.

Во серијата од по шест пенали, колку што се изведуваа, селекцијата на Шведска не успеа да реализира дури четири, додека Канада три. Последниот пенал за Канада го шутираше Гросо, која успеа да ја затресе мрежата и со тоа да и донесе голема радост на својата селекција.

Да кажеме дека бронзата отите во САД и тоа предводена од Македонецот Влатко Андоновски.

ПретходноНавивачите го начекаа Гризман пред стадионот, испратија бројни навреди
СледноФИФА бара Уругвај да тргне две ѕвездички од амблемот