Славниот бразилски клуб Фламенго му врачи отказ на тренерот Тите и покрај тоа што на последниот меч славеше победа над Атлетико Параненсе со 1:0 во бразилската лига. За време на мечот навивачите му свиреа на тренерот јавно искажувајќи го незадоволството од работата на тренерот. Тите имаше договор до крајот на годината, но од клубот решија да го тргнат од позицијата.
На негово место седнува поранешниот обранбен играч на Атлетико Мадрид, Филипе Луис кој до сега беше тренер на една од младите селекции на клубот.
Фламенго минатата седмица изгуби во четвртфиналето од Купот на Либертадорс, а моментално е четврти во бразилската лига со 48 бодови од 27 натпревари, 11 помалку од водечкиот Ботафого.
Дома Меѓународен фудбал Фламенго го отпушти Тите, на клупата седнa некогашна легенда на Атлетико Мадрид