Циркзе дошол во Ливерпул да се види со своите екс-соиграчи од Болоња (ВИДЕО)

146

Напаѓачот на Манчестер Ј., Џошуа Циркзе синоќа заминал за Ливерпул за да се види со своите поранешни соиграчи од екипата на Болоња. Напаѓачот беше играч на италијанскиот тим до летото, кога за 45 милиони евра се пресели кај „црвените ѓаволи“. Болоња денеска игра против Ливерпул во натпревар од Лигата на шампионите.

Циркзе останал околу еден час со тимот на Болоња разговарајќи со старите пријатели. Џошуа побара дозвола од клубот од Јунајтед за ова патување, па останува да се види дали ќе биде присутен вечерва на „Енфилд“.

ПретходноНа „Чкембари“ им „прекипе“, испратија порака до Ангеловски: Имате ли образ? Ако имаше доблест…
СледноХаосот продолжува: По стапките на Куртоа тргнаа и Де Брујне и Лукаку!