Козенца пројави интерес за Бобан Николов

521

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов е слободен фудбалер откако „раскина“ со Лече, па моментално е во потрага по нов клуб. Според дел од италијанските медиуми второлигашот Козенца пројавил интерес за фудбалерот од средниот ред. Информациите говорат дека Николов и Козенца веќе се во преговори што значи дека постојат шанси македонскиот фудбалер да остане во Италија.

Минатата сезона Николов одигра 15 натпревари за Лече, но не успеа да влезе во Серија А. На Европското првенство ги одигра трите натпревари за националниот тим.

ПретходноToтенхем го комплетира трансферот на најдобриот дефанзивец во Серија А
СледноАргентинците го победија вечниот ривал за „бронзата“ во одбојка