Артета: Се уште не знаеме колку бодови ни се потребни!

63

Тренерот на Арсенал, Микел Артета изјави дека е задоволен од тоа како тимот го одиграл натпреварот против Пари Сен Жермен.

Премиер-лигашот го победи францускиот тим со 2:0 во второто коло од Лигата на шампионите.

„Повторно покажавме дека можеме да бидеме доминантни против ваков противник, постигнавме два гола. Имавме три одлични шанси да го постигнеме третиот гол. Секоја чест и за нив, за измените кои ги направија, имавме повеќе проблеми за да продолжиме да играме како во првото полувреме“, изјави Артета,

Тренерот на Арсенал изјави дека е рано да се гледа на табелата, дека сите екипи очекуваат многу потешки натпревари на домашен и на гостински терен.

„Се уште не знаеме колку бодови ни се потребни, единственото нешто на кое можеме да се фокусираме е нашиот настап и да се обидеме да победиме на сите натпревари, како што направивме сега. Сега се фокусираме на натпреварите од Премиер-лигата“, нагласи Артета.

Клубот од Лондон по две кола од ЛШ има четири бода и е на осмото место.

Фудбалерите на Арсенал во сабота од 16 часот ќе играат против Саутемптон, натпревар од седмото коло во Премиер-лигата.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Шчесни ја откажа пензијата и потпиша за Барселона
СледноЕнрике ја презеде одговорноста за поразот и ја објасни разликата меѓу Арсенал и ПСЖ