ОФИЦИЈАЛНО: Шчесни ја откажа пензијата и потпиша за Барселона

273

Поранешниот полски репрезентативец Војчех Шчесни, само два месеци беше во пензија, се врати на терените за да биде голман на Барселона. 34-годишниот голман доаѓа на местото на повредениот Тер Штеген, а со Барса потпиша до крајот на сезоната.
Ова како информација кружеше изминатите неколку денови, а денеска Барселона го потврди неговото доаѓање. Шчесни во кариерата бранеше за Арсенал, па за Јувентус и Рома. Полјакот освои осум трофеи со Јувентус, од кои три Скудета, а пред два месеци раскина со „Старата дама“ и отиде во фудбалска пензија.

ПретходноГРК Охрид убедлив против Струга во езерското дерби за „пет од пет“
СледноАртета: Се уште не знаеме колку бодови ни се потребни!