ЛШ: Џирона се самоуништи против Феенорд

367

Содржаен меч одиграа Џирона и Феенорд во 2.коло од Лигата на шампионите. Освен што имаше пет гола од кои два автогола, имаше и два промашени пенали, а резултатот на крајот 2:3 за холандската екипа.

Џирона поведе во 19 минута кога по мешаницата пред голот на Холанѓаните погоди Давид Лопез. Во 23 минута Феенорд изедначи по автоголот на Херера, а десет минути подоцна гостите дојдоа и до предност со гол на Миламбо. Три минути подоцна имаа и шанса да избегаат на 3:1 меѓутоа Уеда не погоди од пенал, поточно домашниот голман одбрани.

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски имаше шанса да го запише првиот гол во Лигата на шампионите во првиот меч меѓутоа не успеа да погоди од пенал. Во 66 минута Миовски се избори за пенал за својата екипа во дуелот со Феенорд, тој го изведе ударот од белата точка но гостинскиот голман одбрани.

Веќе во наредната акција Миовски шутираше со глава но голманот повторно одбрани. Во 74 минута Ван де Бек го изедначи резултатот на 2:2. Миовски излезе во 75 минута, а четири минути подоцна туш за домашните кога Крејчи неспретно си ја смести топката во мрежата.

ПретходноВолунтари доминантен на првиот дуел со Работнички во ЛШ
СледноЛШ: Перфектна Аталанта против Шахтјор