Ракометарките на Металург беа убедливо поразени на првиот меч од 1. коло во ЕХФ Купот на гостувањето во Турција против екипата на Гереле. Турчинките славеа со 36:28 и практично со една нога веќе си го обезбедија пласманот во втората рунда.
Марија Јанкуловска со 9 гола беше најефикасна во составот на Металург, каде Сара Миновска постигна 5 гола.
И реванш мечот ќе се одигра на теренот на Гереле веќе в понеделник.