Челниците на Рома потполно го изгубија компасот на почетокот на новата сезона. Италијанските медиуми пренесуваат информции дека се спрема нова промена на клупата на „волчицата“.
Неодамна Рома го отпушти Даниеле де Роси и го донесе Иван Јуриќ, а според информациите на „Кориере дело Спорт“ и на Хрватот му се спрема отказ.
Јуриќ ја предводеше Рома на само четири натпревари со скор од две победи, едно реми и пораз кој беше на мечот од Лига Европа.
„Ако не ја победи Монца, можен е отказ за Јуриќ и враќање на Де Роси“, пишува Кориере.
Изгледа челниците на клубот се предомислиле, а не биде задоволни од изданијата на тимот против Венеција и поразот од Елфсборг. И навивачите не беа задоволни од потегот кој го повлекоа првите луѓе на римскиот клуб.