Плеј-оф за пласман во Премиер лига: Борнмут и Свонси со минимални предности

144

Екипите на Борнмут и Свонси обезбедија победи во првите полуфинални натпревари за пласман во Премиер лигата. Борнмут славеше со 1:0 на свој терен против Брентфорд со голот на Данџума во 55. минута. Реваншот е на 22. мај.

Во другиот полуфинален меч Свонси славеше со 1:0 на гостувањето кај Барнсли. Голот кој им обезбеди убава предност на „лебедите“ пред реваншот на домашен терен го постигна Андре Ајев во првото полувреме.

Победниците од овие два натпревари ќе играат финале во кое победникот ќе добие место во Премиер лигата во новата сезона.

ПретходноСкај Спортс: Кејн му кажал на Тотенхем дека сака да си оди летоска
СледноИталијански фудбалер се обеси во гаража, зад себе остави сопруга и две деца