Кружниот напаѓач на Вардар, Милан Лазаервски во очекување на првиот европски дуел во сезоната, на денешната прес-конференција истакна дека „црвено-црните“ треба да бидат задоволни од групата во која се најдоа, а стартот треба да ја донесе и првата победа.
„По две години пауза повторно сме присутни на европската сцена. Имаме поволна група. Овој прв меч ќе има посебно значење, бидејќи сметам дека противникот е по мерка. Станува збор за екипа која има брзина и транзиција како главно оружје, но сметам дека ние сме фаворити на овој меч. Играме дома, и имаме одлична позиција со победа да ја отвориме сезоната и да ги израдуваме нашите навивачи“, вели Лазаревски.
Вардар го пречекува Валур утревечер од 20.45 часот во СЦ „Јане Сандански“.