Нашиот најдобар судија Александар Ставрев доби уште една „европска задача“. Имено тој во четврток (10 октомври) на мечот Финска – Р. Ирска ќе биде главен судија. Негови помошници ќе бидат Дејан Костадинов и Гоце Петрески, додека четврти ќе биде Игор Стојчевски.
Инаку овој натпревар се игра на Олимпскиот стадион во Хелсинки со почеток од 20:45 часот во рамките на Б Лигата на Нации во групата 2.
Судии во ВАР собата ќе бидат
Познато е дека оваа полусезона за Александар Ставрев ќе биде последна во неговата импресивна судиска кариера по што тој ќе оди во судиска пензија.