Ангеловски: Публиката ќе ни помогне да се претставиме во одлично светло

128

Ракометната екипа на Пелистер го очекува следниот меч од Лигата на шампионите против Спортинг Лисабон во Битола. Спортинг е лидер на табелата со три победи од исто толку натпревари, а Пелистер е во исчекување на првиот бод.

Играме пред нашите гледачи, а битолската публика знае да препознае квалитет. Верувам дека со наша добра игра, публиката ќе ни помогне да се претставиме во одлично светло и да извојуваме победа против разигран противник.

Можеби Спортинг не доаѓа од некоја најракометна земја како Данска, Германија, Франција, но Португалија во последно време и на репрезентативно и на клупско ниво напредува.

Се надевам на наше одлично издание. Спортинг е добро компонирана екипа, бековската линија со браќата Кошта и Натан е нивни адут. Играат брзо, модерно и тешко е да се направи фаул врз нив. Нивната одлика е ефикасниот напад, кој постигнува преку 40 голови по натпревар. Последната победа против Бенфика од петнаесет голови разлика не беше случајна, делуваат моќно во транзиција.“, изјави Ангеловски.

ПретходноКадетите во триатлон се вратија со медали од БП во Романија
СледноЃоковиќ за еден час го „збриша“ противникот и се пласира во осминафиналето во Шангај