Кој е Љупчо Андоновски, човекот без кој не летаат чартерите на ФФМ!?

1288

Националниот тим од синоќа е во Рига, престолнината на Летонија, каде нашата репрезентација утре го игра дуелот со домашната селекција од Лигата на нации. Во авионот за Рига не се качи спортскиот директор Дени Масев, кој поднесе оставка и само ја прели чашата од скандали со кои се соочува ФФМ во изминативе неколку недели. Покрај фудбалерите, стручниот штаб, членовите на УО на ФФМ во чартерот за Рига, а потоа и за Ереван, се качи и Љупчо Андоновски. Кој е човекот и какви заслуги има тој за да биде редовен гостин на патувњата на нашата репрезентација? За него се знае дека е поранешен директор е на АНБ, добро познато полициско име… Но!?

“Добро е, еве го иде полицаецот, да не се секирате….“, со години се врти трачарскиот муабет низ патниците и фудбалерите кои летаат со ФФМ.

Ете и овој пат, Љупчо Андоновски повторно е со репрезентацијата – бетониран. Заслугите не ни се познати. Дали е таму да го чува претседателот Муамед Сејдини или е таму да му биде грб на потпретседателот Лазар Ракиџиев. А замислете многу докажани и легендарни фудбалски имиња во Македонија не ни можат да влезат низ вратите на ФФМ, не пак да се најдат како дел од делегацијата при ови гостувања. Убаво е кога се уживаат сите бенефити на раскошот и луксузот за кој плаќа ФФМ.

ПретходноКлоп од нова година со нова работа: Ќе биде стратешки менаџер на клубовите на Ред Бул
СледноРеал го продаде во ПСЖ за 25 милиони евра, а вчера потпиша за клуб од Малезија