Новак фантастико: Ѓоковиќ го “реши“ Сафиулин и се пласира во 1/4 финалето во Шангај!

159

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во историјата се пласираше во 1/4 финалето на Мастерсот во Шангај, откако денеска во осминафиналето со 2:0 во сетови успеа да го победи Роман Сафиулин.

Првиот сет Србинот го доби со 6:3 во гемови, освен во неколку моменти Новак целосно ја имаше контролата на настаните во овој сет. Во вториот сет беше уште поубедлив, па со 6:2 го доби и тој сет за конечни 2:0, за победа и за очекуаван пласман во следната фаза.

Овој меч траеше еден час и 14 минути, доволен податок за тоа колку беше убедлив Новак во однос на Сафиулин.

Едноставно Новак Ѓоковиќ беше фантастичен, Роман немаше никаква шанса.

Претходно пласман во следната фаза обезбедија и Јаник Синер, Данил Медведев, Карлос Алкараз, кои исто така како Новак славеа со по 2:0 во сетови против своите противници во осминафиналето.

ПретходноАтлетико Мадрид добива 300 милиони евра: „Ванда Метрополитано“ ќе се вика „Ријад ЕР Метрополитано“!
СледноПандев, Лазаров и Иџе нема веќе да рекламираат обложувалници, казина и брзи кредити!