Дарко Чурлинов беше стрелец за Штутгарт, и тоа во меч од Купот на Германија против БФЦ Динамо. Неговиот тим на гости успеа да победи со 6:0 а македонскиот репрезентативец стрелаше во 88.минута и ги постави тие конечни 6:0 за својот тим. Инаку ова беше првото коло или 1/32 финале во Купот на Германија. Да споменеме дека Македонецот во игра влезе во 66.минута.
Се очекува во наредната сезона Чурлинов да “експлодира“ во дресот на Штутгарт, а од него во репрезентацијата очекува многу и новиот селектор Благоја Милевски.