Историјат: Македонија е перфектна против Летонија! (ВИДЕО)

128

Денеска во Рига нашата најдобра репрезентација ќе го одигра својот 287 натпревар од постоењето на самостојна Македонија. Јасно е дека ќе одиме на победа и тоа 89-тата победа. Играме против Летонија, селекција против која имаме перфектен скор. Имаме три победа на трите меча и тоа со вкупна гол разлика 7:2.

На 5 март 2014 година во пријателски меч во Скопје славевме победа од 2:1 и тоа со головите на Јове Костовски и Агим Ибраими.

Пет години подоцна, поточно на 21 март 2019 година, исто така на Арената во Скопје, Македонија ја победи Летонија во меч од квалификациите за ЕП, со 3:1 и тоа со головите на Џани Алиоски и двата гола на Елиф Елмас.

Во септември истата година на гостувањето во Рига победивме со 0:2 со головите на Пандев и Барди.

Од ова се гледа дека имаме три победи на трите меча со само два примени гола, и тоа самите си ги дадовме, беа автоголови. На Даниел Георгиевски и на Дарко Велковски.

На крајот да потенцираме дека посакуаме вечерва да се исполни желбата на капитенот Енис Барди кој вчера на пресот кажа да биде исто како пред пет години, кога беше 0:2 за Македонија.

Па, нека биде како пред пет години!

ПретходноМилевски со нови проблеми, сега во одбраната!
СледноУЕФА прашува: Дали денес ќе видиме повеќе магија од Барди? (ВИДЕО)