Мората: Три месеци пред почетокот на ЕП не знаев дали можам да се вратам на фудбалот

165

Напаѓачот на Милан и Шпанија, Алваро Мората се отвори за заминувањето од Атлетико Мадрид и ги сподели тешките чувства што ги имаше пред Евро 2024 година.

„Кога поминувате низ тешки времиња, како што се депресија или напади на паника, се борите во себе и тоа може да се случи секоја вечер. За мене, донесов важна одлука да ја напуштам Шпанија бидејќи конечно стигнав до моментот во кој не можев повеќе да се справам со оваа ситуација Три месеци пред почетокот на Евро 2024 не знаев дали можам да му се вратам на фудбалот“, изјави Мората.

Мората во Милан дојде од Атлетико Мадрид во текот на летото. Оваа сезона напаѓачот забележа шест настапи во сите натпреварувања, постигна два гола и една асистенција.

ПретходноМакедонија сака, Македонија треба да победи во Рига!
СледноАрсенал подготви понуда за чудото од дете вредна 95 милиони евра, но се прашува и Реал!