По успешниот старт на домашен терен, МЗТ Скопје денеска го игра вториот меч во АБА2-лига. Актуелниот македонски првак му гостува на тимот Цедевита Јуниор во рамките на 2. коло во групата А, дуелот е закажан во 18 часот.
Еден од главните лидери во составот на МЗТ Скопје, Војдан Стојановски смета дека одбраната ќе биде клучна за да дојдат до посакуваните бодови во Загреб.
„Цедевита јуниор е млада и талентирана екипа која трча многу добро. Ние треба да одиграме со добра енергија и борбено во одбраната. Ако успееме да го направиме тоа, тогаш ќе може да се надеваме на успех во Загреб“, вели Војдан Стојановски.
Васко Атанасов, предводникот на клупата на МЗТ Скопје очекува подобро издание од она во Скопје.
„Сезоната ја почнавме добро, но свесни сме дека можеме и мораме уште подобро. Против себе имаме квалитетен противник, кој негува брза кошарка, стил на кој ќе мора да најдеме начин да му парираме. Тренираме добро, веруваме во сопствените можности и сигурен сум дека ако се држиме до планот за игра дека ќе дојдеме до посакуваната цел, а тоа е победа“, изјави Васко Атанасов.