Во пресрет на денешниот дуел со Летонија во Рига, во рамките на 3.коло во Ц Лигата на Нации во групата 4, на официјалните социјални мрежи на УЕФА е ставен фантастичниот гол на нашиот капитен Енис Барди од мечот со Ерменија од слободен удар.
И јасно, прашањето на УЕФА е дали денес ќе видиме повеќе магија на Барди? Со акцент дека тој негов гол против Ерменците во Скопје бил чиста магија.
Погледнете го голот на маестро Барди уште еднаш и уживајте, така нека биде и вечерва во Рига. Нека има барем една магија на капитенот.










