Шок на “Олд Трафорд“: Ѕвездата на Манчестер Јунајтед има срцеви проблеми, ќе паузира подолго време!

845
ФОТО: Manchester United/FB

Уште тоа му недостигаше на Ерик тен Хаг. Имено како што јавуваат денеска медиумите во Англија, Нусаир Мазрауи има проблеми со срцето и ќе биде надвор од тимот најмалку два – три месеци. Дел од медиумите лиферуваат вест дека ќе мора да оди дури и на операција.

Да потсетиме дека Мазрауи ма “Олд Трафорд“ дојде ова лето и тоа како големо засилување од Баерн Минхен.

Мароканецот во следниот период ќе биде под посебен режим, но факт е дека за него оваа 2024 фудбалска година е завршена, најмалку.

ПретходноВојдан Стојановски: Мора да бидеме борбени во одбраната, само така можеме да го освоиме Загреб!
СледноПосле трагедијата се огласи и Панатинаикос: Шокирани сме!