Утре стартува новата сезона во ПМФЛ. Работнички утре на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, со почеток од 17:30 часот го дочекува тимот на Борец. Работнички во новата сезона влегува со подмладен состав, но амбициите секогаш се исти, а тие борба за висок пласман на табелата во ПМФЛ.
За тоа што може да се очекува од неговиот тим на утрешниот меч, за клупската интернет страница свој коментар има тренерот Александар Влахо.
“Првиот меч секогаш е тежок, тој е вовед во сезоната. Работнички е подготвен, се надевам дека ќе прикажеме допадлив фудбал и ќе се обидеме да дојдеме до успех на стартот на сезоната. Борец, предводен од тренерот Борче Христов, кого го почитувам како стратег, е квалитетен тим, затоа и го респектираме во целост“ рече покрај другото шефот на струката на Работнички.