Реал го победи Партизан, ПАО без проблеми против Баерн

152

Кошаркарите на Партизан загубија во второто коло од Евролигата од Реал во Мадрид со 93:86. Ова беше второ гостување за белграѓани во Шпанија на стартот од сезоната, бидејќи на премиерата загубија и од Басконија во Виторија. Навивачите имаа можност да проследат возбудлив и ефикасен натпревар во кој мадриѓаните главно ја одржуваа разликата благодарение на одличната игра од поле (23/35) и феноменалната улога на Кампацо, кој покрај 10-те поени имаше и 11. асистенции.

Победничкиот тим имаше голем број на расположени кошаркари, додека листата на стрелци ја предводеше Ибака со 15 поени. Од друга страна, исто толку постигна и Карлик Џонс, кој во финишот на мечот ги постигна речиси сите кошеви.

Кошаркарите на Панатинаикос го победија Баерн Минхен со 94:79. Матијас Лесор го заврши натпреварот со 22 поени, 6 скока и 1 асистенција, додека Кендрик Нан имаше 17 поени со 4 скока и 7 асистенции. ПАО водеше во текот на сите 40 минути од натпреварот и никогаш не беше доведен во прашање нивниот триумф во Атина над инфериорниот Баерн.

Во последниот меч АСВЕЛ славеше минимално на домашен терен против Виртус со 87:85.

ПретходноЛН: Белгија извади реми во Рим, Франција го прегази Израел (ВИДЕО)
СледноСептември беше месец на Наполи: Квича и Конте ги „лапнаа“ наградите во Серија А