Костоски: МЗТ е квалитетен тим, но ние играме на домашен терен!

41

Второто коло во Првата лига носи дерби пресметка меѓу двата најдобри тимови од минатата сезона. Пелистер денеска на домашен терен (18.30 часот) го пречекува актуелниот првак МЗТ Скопје.

Во таборот на битолскиот тим не кријат дека целта е да се добие оваа битка.

„Подготвени сме да одговориме на предизвикот на овој натпревар. МЗТ е одлична екипа која многу добро знае што сака во својата кошарка, има јасно дефинирани принципи и ние ќе мораме да одговориме со дисциплинирана игра. Мора да се има сериозен фокус и концентрација во текот на сите 40 минути ако сакаме да дојдеме до посакуваната цел“, вели Александар Костоски, еден од лидерите на таборот на Пелистер оваа сезона.
Пелистер пред петнаесетина дена загуби од истиот ривал во Супер-купот на Македонија, но Костоски е убеден дека овојпат неговиот тим ќе се покаже во далеку подобро светло.
„Мислам дека ова ќе биде сосема поинаков меч од Супер-купот, иако и таму имавме многу добри моменти, пред се во првото полувреме. Во меѓувреме одигравме два добри натпревари, ги совладавме Широки и Тиквеш и ќе имаме уште поголема самодоверба. Покрај тоа, играме на домашен терен, пред наша публика и сигурно дека ќе влеземе со огромна желба, енергија и мотивација за да стигнеме до важна победа кога е во прашање домашното првенство.

Сигурно дека дуелите на овие две екипи се најквалитетни во нашето првенство неколку години наназад, затоа ги повикувам нашите навивачи да дојдат во што поголем број, да ни дадат поддршка и да уживаат во уште еден добар меч“,истакнува одличниот плејмејкер од таборот на Пелистер.

Пелистер последен пат на домашен терен го победи МЗТ Скопје на стартот на минатата сезона, во рамките на третото коло славеше со 81-71.

ПРВА „МТЕЛ“ ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 2.КОЛО

12.ОКТОМВРИ (САБОТА)

18.00: Гостивар – ТФТ

Сала „Младост“ – Битола

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/oNv53Azokgk?si=UnSXZCDUbgJPe5ut

18.00: МКК Куманово – Тиквеш Голден Игл

Сала „Перо Наков“ – Куманово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Zz6psBfEIA0?si=SR3T6QbNQAgeMA-w

18.30: Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром (МРТ3)

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/GitZ3k2-H34?si=Y5fSr1XDyTrNQ0Hn

19.30: Шкупи – Работнички

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/IElvPGLEfwY?si=bkHEH5b_j3whqNTY

13.ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА)

17.00: Феникс 2010 – Чаир 2030

СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/DdDTF8uhqbw?si=8zo63tnRuzRjkVkj

17.00: Кожув – Вардар

Сала „26.април“ – Гевгелија

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/CL9d4ohQZo4?si=pt63ZptI6oJxKKt5

ПретходноТренерот на Париз со комплименти: Шортс е ѕвер на теренот!
Следно„Бомба“ во Црна Гора: Поранешниот селектор на Франција на клупата на „лавовите“