„Бомба“ во Црна Гора: Поранешниот селектор на Франција на клупата на „лавовите“

179

Дидие Динар, членот на генерацијата која доминираше во светскиот ракомет и поранешен селектор на Франција, едно од најголемите ракометни имиња во светот, е нов селектор на репрезентацијата на Црна Гора.

Динар е десетти селектор на репрезентацијата на Црна Гора, а клупата ја презема откако хрватскиот стручњак Владо Шола поднесе оставка во мај, откако беше елиминиран од Италија во баражот за Светското првенство кое ќе се одржи во јануари следната година.

Динар ќе дебитира на клупата на „лавовите“ на 6 ноември против Финска во Подгорица на стартот од квалификациите за ЕП 2026 година.

ПретходноКостоски: МЗТ е квалитетен тим, но ние играме на домашен терен!
СледноБарселона нема да добие половина милион долари од Зенит!