„Мундо Депортиво“ открива за смешната ситуација која во петокот околу 14:30 часот се случила на градилиштето на стадионот, а како последица на тоа шест лица биле полесно повредени. Тие веднаш беа отпуштени од страна на управителот на локацијата и потоа беа идентификувани од локалната полиција.
Според овој медиум Романци и Албанци се пресметале физички со тупаници и стапови.
Ова не е прв ваков случај, бидејќи на 23 мај дошло до нова тепачка меѓу работниците на „Камп Ноу“, кога тројца биа повредени, а четворица беа уапсени.