Салах си замина од Египет, затоа што не сака да ризикува повреда на лошиот терен

208

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах одлучил предвреме да се врати во редовите на „цревмите“, пренесуваат локалните медиуми во Египет. Капитенот на „фараоните“ ќе остане надвор составот за гостувањето кај Мавританија во квалификациите за Африканскиот куп на нации, поради лошата состојба на теренот, што е предуслов за повреди.

Селекторот на Египет Хусам Хасан му даде можност на Салах сам да одлучи дали ќе се врати во Ливерпул доколку сака, а напаѓачот ја донесе таа одлука. Тоа ќе биде можност за повеќе одмор за ѕвездата на Ливерпул, која сега може да се фокусира на настап со клубот.

ПретходноПато откри како Ибрахимовиќ за „влакно“ се спасил од ќотек
Следно„Ди Велт“: Томас Тухел ќе биде нов селектор на Англија!