Една од најголемите ѕвезди на екипата на Мајами Хит, Џими Батлер денеска потпишал максимално 4-годишно продолжување на договорот со клубот за 184 милиони долари.
Договорот на Батлер траеше до 2023 година, со откажување од опцијата на играчот за сезоната 2022/23. Продолжувањето ќе стапи на сила од 2022 година. Новиот договор ќе трае до 2026 година.
Минатата сезона Батлер имаше просек од 21,5 поени, 6,9 скокови, 7,1 асистенции и 2,1 украдени топки по натпревар.