Голем проблем: Македонија У16 се враќа од Србија, двајца позитивни на Ковид-19

480

На нецели девет дена на стартот на ФИБА “Челенџерот” до 16 години, македонската репрезентација се соочува со сериозни проблеми.

Неколку членови на овој национален тим се позитивни на коронавирус. Резултатите од тестовите ги дознале на пат кон Србија каде што требаше да одиграат еден пријателски натпревар.

Автобусот веднаш тргнал кон Скопје, но сега се стравува од кластер, сите заедно (позитивните) патуваа кон нашиот северен сосед. Македонија првиот меч го игра на 16 овој месец против Литванија, покрај оваа репрезентација во нашата група се Франција, Грција, Русија и Романија.

Според сите протоколи кошаркарите ќе мора да одат во карантин, па потоа да направат нови тестови. ФИБА е многу строга по ова прашање, токму поради нивна наредба Македонија мораше да направи тест пред да тргне за Србија.

Останува да се надеваме дека ситуацијата нема да ескалира и Македонија ќе настапи на шампионатот. Оваа генерација е една од најнадежните, има големи таленти кои во иднина треба да бидат лидери во сениорскиот тим.

ПретходноЏими Батлер уште 4 години во Мајами за 184 милиони долари
СледноХорхе Мартин утре тргнува прв на Шпилберг во Австрија