Италијански фудбалер се обеси во гаража, зад себе остави сопруга и две деца

144

Потресна вест доаѓа од Италија каде што поранешниот фудбалер на Авелино Филипо Вичидо во неделата си го одзел животот со тоа што се обесил во гаражата во својот дом во градот Батипаља, каде што живеел со својата сопруга Мина и двете деца Наоми и Доменико. Причините поради кои 31-годишниот фудбалер си го одзел животот засега се непознати.

Последниот клуб на Висчидо бил аматерскиот Селернум Барониси кој бил распуштен поради пандемијата со коронавирусот. Поради својата борбеност на теренот го добил прекарот „Питбул“, а според негови блиски пријатели и роднини тој немал некои психолошки и здравствени проблеми или непријатели.

Висчидо играл уште за неколку италијански клубови од пониските италијански лиги како Кампобасо, Потенца, Кавезе, Савоја, Соренто, Ликата, Палмезе, Афраголезе…

ПретходноПлеј-оф за пласман во Премиер лига: Борнмут и Свонси со минимални предности
СледноМонца и Лече на пат да „извисат“ за пласман во Серија А