Македонската фудбалска репрезентација и трет меч едноподруго слави во Лигата на нации. Вечерва момците на Благоја Милевски со 2:0 ја победија селекцијата на Ерменија во Ереван и си ги отворија ширум вратите кон пласманот во Б-сегментот во ова натпреварување.
По мечот во соблекувалната во Ереван селекторот имаше само една порака за фудбалерите: „Вие не сте нормални!“.