Парондо посочи двајца ракометари на Вардар на кои треба да внимаваат!

567

Мелсунген е втората пречка за Вардар 1961 во Европската лига. „Црвено-црните“ на европската сцена се вратија победнички, откако на домашен терен славеа против Валур, а сега веќе ќе имаат далеку посилен предизвик.

На клупата е Роберто Гарсија Парондо, кој му ја донесе втората европската титулата на Вардар 1961, а во составот ги има Данис Кристопанс и Рожерио Мораеш.

Шпанскиот стратег и претходно зборуваше на темата Вардар 1961, не криеше дека овој тим секогаш ќе има посебно место во неговото срце. Сега пред медиумите потенцира дека „црвено-црните“ не треба да се потценат. Тој вели дека не можат да се споредат противниците, Порто кого го победија на гости и македонскиот тим.

„Секој натпревар е различен, ние треба да бидеме свесни дека Порто немаше свој ден. Вардар е непријатен и силен тим. Посебно внимание треба да се обрне на на српското лево крило Марко Срдановиќ и воедно португалскиот голман Мигел Еспиња Фереира, мора да бидеме претпазливи“, рече Парондо кој додаде дека сака да ја продолжи серијата на победи против Вардар и покрај тоа што има убави спомени од Скопје. 

Мечот се игра утре со почеток во 18:45 часот.

 

ПретходноСРЕЌНИ ВЛТ ПРИКАЗНИ: 7.611.459 ДЕНАРИ ОСВОИ ВЛТ ИГРАЧ ВО СТРУМИЦА
СледноИако го реши МЗТ сепак остана скромен: Можеби јас ги дадов клучните поени, но ова е тимска победа!