Хрватската репрезентација вечерва од 20:45 часот во Варшава игра важен меч за пробив понатаму од групната фаза но и за статус носител во ждрепката за квалификациите за СП 2026 година. Моментално Хрватите се на второто место во групата, а ако остане таму, за што шансите се големи, ќе се пласира во четвртфиналето.
Место во четвртфиналето осигуруваат првопласираните од елитниот ранг и второпласираните екипи. Ако поредокот во хрватската и во другите групи на крајот остане како што е до сега, по проекциите носители би биле Португалија, Франција, Германија и Шпанија. Неносители Хрватска, Италија, Холандија и Данска.
За Хрватите се важно прво пробив во нокаут фазата, а големи се шансите и за првото место, се разбира ако ги добијат сите преостанати дуели: Полска, Португалија и Шкотска. Ако завршат први ќе го преземат статусот на носител во квалификациите.
Во истата група Шкотска која е без бодови ќе игра дома со Португалија која е лидер со максимални три победи.
ЛИГА НА НАЦИИ, 15.10.2024
ЛИГА А
ПОЛСКА – ХРВАТСКА 20:45 ч.
ШКОТСКА – ПОРТУГАЛИЈА 20:45 ч.
ШПАНИЈА – СРБИЈА 20:45 ч.
ШВАЈЦАРИЈА – ДАНСКА 20:45 ч.
ЛИГА Ц
БЕЛОРУСИЈА – ЛУКСЕМБУРГ 20:45 ч.
КОСОВО – КИПАР 20:45 ч.
ЛИТВАНИЈА – РОМАНИЈА 20:45 ч.
СЕВЕРНА ИРСКА – БУГАРИЈА 20:45 ч.