Салихамиџиќ: Би биле аматери ако Баерн не размислува за Халанд!

329

Трансфер лудилото во фудбалска Европа е на сцена. Меси, Грилиш, Лукаку, Хакими, Џеко, Кејн, Лаутаро…кој уште?

Сепак се чекаат и трансферите на Мбапе и Халанд за да ова лето 2021 година биде историско на трансфер пазарот.

Ммбапе е “резервиран“ за Реал Мадрид, дали ова лето или наредното тој мега трансфер се чини дека е готов. Затоа прашањето околу Халанд се добива на динамика.

Најново е тоа, барем според медиумите во Германија, дека и Баерн Минхен силно се заинтересирал за офанзивецот на Борусија Дортмунд.

Дека е така говори изјавата на Хасан Салихамиџиќ, спортскиот директор на Баерн.

Халанд? Говориме за еден врвен напаѓач, еден од најдобрите во светот. Јасно е дека би биле аматери ако не би размислувале за негов трансфер“ изјавил популарниот Брацо.

ПретходноЏеко е замената за Лукаку во Интер: Постигнат договор, се чека потпис
СледноПолувреме: “Жешко“ е во Штип, “лавот“ Воша прв “тресеше“ во новата сезона…