Лудост: Навивач има 320 тетоважи на телото поврзани Ривер Плата!

42

Докажи дека си навивач на Ривер Плата без да ми кажеш на глас? Фанатик на популарниот аргентински клуб има дури 320 тетоважи по целото тело, а се поврзани со четирикратниот јужноамерикански првак.
Од 320-те тетоважи, 300 се логото на Ривер, а изјави дека планира да стави уште 33, пренесува аргентинскиот спортски медиум „Оле Кларин“!
Тој остана разочаран на првиот меч од полуфиналето на Копа Либертадорес во Бело Хоризонте. Ривер беше поразен на гостувањето кај Атлетико Минеиро со 3:0 и ќе му треба чудо за кам-бек и пласман во финалето на најквалитетното јужноамериканско клупско натпреварување.

Претходно„И Сер Алекс е виновен за ситуацијата во Манчестер Јунајтед“
СледноГолемо засилување за Звезда – Петрушев се враќа во Белград