Пред дербито Барса – Баерн (М): Ограбен еден од помошниците на Компани

90

Во пресрет на вечерашниот дуел од Лигата на шампионите меѓу Барселона и Баерн (М), тренер од тимот на Винсент Компани во Баерн (М) бил ограбен во Шпанија.

Како што пренесува ElCaso, еден од тренерите на Баварците бил нападнат од непознати лица. Му биле украдени паричникот, часовникот и телефонот.

Според информациите случајот веднаш е пријавен во полиција, а потрагата по разбојникот е во тек.

ПретходноКомплетирано е 8. коло: Алкалоид е лидер без грешка, Вардар и Охрид ја делат двојката, Пелистер е четврти!
СледноФорца со убедлив пораз на стартот од главната фаза во Футсал ЛШ