Рома си купи лев бек за 13 милиони евра

393

Рома продолжува да се засилува, а денеска е комплетиран трансферот на левиот бек Матијас Виња од Палмеирас за сума од 13 милиони евра плус бонуси. 23-годишниот уругвајски фудбалер се договори со Интер уште пред еден месец, но трансферот беше одложен поради проблеми околу начинот на исплата на парите од страна на Рома до бразилскиот клуб.

Рома се договори со Палмеирас да му плати 13 милиони фунти, плус процент од наредниот трансфер на фудбалерот.

Инаку Виња потпиша договор со Рома до јуни 2026 година. Се работи за репрезентативец на Уругвај (16 настапи) и освојувач на Копа Либертадорес со Палмеирас во 2020 година. Тој е донесен да го замени Спинацола кој поради тешката повреда на Ахиловата тетова ќе биде долго вон теренот.

 

ПретходноПелистерци реагираат на судењето во Ѓорче
Следно„Пандевци“ освоија само бод против Струга (видео)