КЛ: Чурлинов славеше со Јагиелонија, победа и за Николов и Шишковски

46

Најзвучниот годинешен учесник во Конференциската лига на УЕФА, англиски Челзи ја оправда улогата на фаворит и во Атина беше подобар од домашниот Панатинаикос со 4:1. Два гола во победата на лондонските „сини“ постигна Жоао Феликс, а по еден погодија Михајло Мудрик и Кристофер Нкунку, додека кај домаќините единствен стрелец беше Факундо Пелистри.

Фиорентина одигра добар натпревар и со 4:2 славеше на гостувањето кај Ст. Гален. Головите за победата на Италијанците беа дело на Иконе (2), Куарта и Госенс. Јагиелонија на нашиот Чурлинов извојува нова победа, откако со 2:0 славеше дома против екипата на Петрокуб. Чурлинов беше стартер за домашните и одигра 78 минути на оваа средба.

Боби Николов и Дамјан Шишковски имаа уште една одлична вечер со екипата на Борац Бања Лука. Босанскиот состав славеше со 1:0 на гостувањето кај АПОЕЛ и ја оствари првата победа во главната фаза од ова натпреварување. Николов влезе во игра во второто полувреме од мечот, додека Шишковски остана на клупата за резерви.

ПретходноЛЕ: Довбик донесе победа за Рома, Реал Сосиедад славеше против Макаби
СледноСаудиска Арабија и Манчини ја прекинаа соработката