Академија Пандев и Струга Трим Лум одиграа 1:1 во последниот натпревар во 1.коло од новата сезона во ПМФЛ. Интересен и динамичен меч во кој домаќините играа многу и имаа повеќе шанси, меѓутоа гостите искористија една од ретките можности и погодија и тој гол им донесе бод.
Во 20 минута напаѓачот на Пандевци, Ване Крстевски се најде во прекрасна шанса, меѓутоа неговиот шут заврши покрај голот на Талевски. А пет минути подоцна Емир Скендери ги „здрви“ Пандевци откако го измами противничкиот дефанзивец и во ситуација еден на еден со противничкиот голман ја затресе мрежата.
Со 1:0 за Струга се отиде на полувреме. Меѓутоа на изедначување на се чекаше многу. Во 53 минута Мартин Мирчевски доби топка од косо и успеа со лоб удар да го совлада Талевски за 1:1. Неколку минути подоцна „Пандевци“ реализираа уште еднаш, меѓутоа голот беше поништен поради офсајд.
Во 75 минута Крстевски одново се најде во идеална шанса, се обиде да лобува но сега противничкиот голман одбрани.
Струга може да биде и презадоволна со овој бод затоа што речиси цел меч беше во подредена улога, домашните можат да жалат што не ја претворија теренската доминација во победа.