Нено без поени во новиот пораз на Милано, Шортс со „дабл-дабл“ за победа на Париз

93

Нено Димитријевиќ претрпе уште еден пораз со екипата на Олимпија Милано во тековната сезона од Евролигата. Вечерва италијанскиот тим загуби дома од екипата на Анадиолу Ефес со 84:96 и го запиша четвртиот пораз во петтиот меч сезонава. Нено одигра нешто повеќе од 13 минути за италијанскиот тим, имаше два неуспешни шута за три поени и само една асистенција.

Кошаркарите на Париз во француското дерби со Монако дојдоа до првиот гостински триумф во Евролигата, а фантастична партија во составот на гостите имаше македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс, кој средбата ја заврши со „дабл-дабл“.

Париз славеше со 87:80, а Шортс постигна 28 поени и имаше 10 асистенции и 4 скока.

Жалгирис е нов лидер, откако со 78:63 го победи Макаби ТА и ја оствари четвртата победа. Басконија без проблеми славеше дома против Алба со 80:57.

ПретходноПелистер без сили за сензација, Веспрем убедлив во Битола!
СледноЦиндриќ: Секогаш е убаво да се игра во Македонија!