Македонија падна и од Германија за четврти пораз на Челинџерот

223

Јуниорската репрезентација на Македонија го доживеа и четвртиот пораз на Челинџер турнирот во кошарка со што го освоија петтото место на табелата во групата А. Нашите момци беа поразени од селекцијата на Германија во последното коло иако добро се држеа некаде до третиот период. На полувреме беше 45:45, меѓутоа во второто полувреме нашите момци паднаа. Го загубија третиот период со 20:13,

во последната четвртина се обидовме да се вратиме, поведовме со 8:5 но потоа „колата тргна низ брдо“. Германците ја презедоа контролата и вешто го решетаа нашиот кош, додека нашите кошаркари не можеа да го следат противничкиот ритам. Конечни 97:79 во корист на Германија.

Најефикасен кај македонскиот тим беше Амар Хот со 21 поен, со двоцифрен број на поени се уште Резарт Мемед (15) и Филип Наков (13), а кај Германците 23 поени постигна Михаел-Кен Ратај додека Бенјамин Шредер 21.

Македонија по пет кола оствари само една победа – онаа против Грузија. Поразена е од Хрватска, Шпанија, Србија и сега од Германија.

ПретходноАкраповиќ по ремито со Тиквеш: „Фудбалот се игра за голови, а ние се изнапромашувавме“
СледноСмешна ситуација – му ја украде топката на голманот па промаши празен гол (видео)