Познато е зошто синот на Леброн ќе биде изоставен во списокот на Лејкерс

424

Пред само неколку дена на натпреварот помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Минесота Тимбервулвс се случи нешто што досега не се случило во НБА. Татко и син, во случајов Леброн Џејмс и Брони Џејмс настапија на ист натпревар. Икона Леброн (39) и неговиот 20-годишен син играа заедно за тимот на Лејкерс.

За разлика од Леброн, кој во првата сезона имаше просек од 20,9 поени, 5,5 скока и 5,9 асистенции, беше дебитант на годината и ѕвезда на лигата, Брони не е таков потенцијал. Тоа беше познато уште пред неговото доаѓање во лигата, во која влезе како 55-ти пик на годинешниот драфт, а се виде и на претсезонските натпревари.

Одигра шест од нив, добиваше околу 15 минути во просек и постигнуваше по 4,2 коша по натпревар со лоши 9/37 од поле и уште полоши 1/12 за тројки. Откако испишаа историја ставајќи син на паркетот покрај неговиот татко, Лејкерси одлучија Брони да не биде на списокот на секој натпревар. Поконкретно, беше донесена одлука дел од сезоната да помине во Саут Беј Лејкерс, филијала на клубот кој се натпреварува во развојната Г лига.

Тренерот на тимот Џеј Џеј Редик тврди дека тоа отсекогаш била идејата.

Брони одигра три минути во својот прв и досега единствен натпревар во НБА. Тој не се запиша меѓу стрелците.

ПретходноМеси, Суарез и Алба обезбедија успешен старт на Интер Мајами во плеј-офот (ВИДЕО)
СледноЛазаров е внимателен и покрај големата „залиха“: Мора добро да се испотиме за да победиме!