ВМФЛ: Лидерот го пречекува Кожув, штипските “сини“ по три бода против Вардар (Н)

226

Денеска од 13 часот се играат сите осум средби од 9.коло во ВМФЛ. Дербито се игра во Ѓорче каде “лавовите“, кои се и лидери на табелата, го пречекуваат амбициозниот Кожув. Се очекува квалитетен и пред се неизвесен меч.

Брегалница игра дома со Вардар (Н) и се освен победа и три бода и тоа како ќе биде голем кикс за штипските “сини“.

Охрид е во одлична серија, игра дома против Вардарски на новиот стратег Ѓоре Јовановски. Тука се знае кој е голем фаворит, трите бода се подразбираат за охриѓани.

Второпласираниот Арсими го пречекува Скопје и ќе се обиде да дојде до победа која многу ќе му значи во битката за највисок пласман.

На останатите средби се среќаваат Борец – Детонит, Беласица – Осогово, Башкими – Саса и Победа – Новаци.

ДВОЈКИ ЗА 9.КОЛО (ДЕНЕСКА – 13 Ч)

Брегалница – Вардар (Н)

Борец – Детонит

Македонија ЃП – Кожув

Арсими – Скопје

Беласица – Осогово

Охрид – Вардарски

Башкими – Саса

Победа – Новаци

ТАБЕЛА

Македонија ЃП 19, Арсими 18, Брегалница 18, Башкими 17, Кожув 15, Детонит 13, Охрид 13, Новаци 11, Беласица 9, Саса 9, Скопје 8, Победа 7, Вардар (Н) 5, Осогово 5, Борец 4, Вардарски 2…

ПретходноМанчини објасни зошто повеќе не е селектор на Саудиска Арабија
СледноАнчелоти откри како се чувстува Мбапе пред „Ел Класико“