Евролига доживотно суспендираше судија од Словенија

75

Словенечкиот кошаркарски судија Матеј Болтхаузер е доживотно суспендиран од Евролигата и повеќе нема да суди натпревари, а причината е невообичаена и секако дамка на неговата кариера. Во април минатата година украл парфем на аеродромот во Белград.

Веднаш по информацијата за кражбата, тој беше суспендиран од Евролигата, а сега е донесена одлука доживотно да биде исклучен од судиската организација.

Така, словенечкиот судија повеќе нема да ја дели правдата на натпреварите од Евролигата, а секако фрли дамка на неговата многу добра судиска кариера.

Словенецот е добро познато кошаркарско име. Овој судија со години дели правда на терените на АБА и Евролигата. Во април годинава се појави видео од кражба на аеродромот во Белград и шокираше многумина.

Овој 49-годишен судија кариерата ја започна во 2000 година. Три години подоцна стана судија на ФИБА, а од 2004 година е член на Евролигата.

ПретходноГРК Тиквеш по изненадување против Вардар 1961
СледноШтип УДГ продолжи победнички, денеска ќе се комплетира 2. коло