Вечерва ќе „гори“ во Мадрид – се соочуваат Реал и Барселона!

79

Меч за уживање вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ во кој ќе се соочат големите шпански ривали Реал Мадрид и Барселона (21:00 часот). На табелата Барселона е лидер со три бода повеќе од второпласираниот Реал.

И двете екипи влегуваат во клинч по одличните претстави во Лигата на шампионите, европскиот шампион одигра второ полувреме за паметење против Борусија Дортмунд и благодарение на хет-трикот на Винисиус ја надополнија негативата од 0:2 по првото полувреме и победија со 5:2.

А Барселона на свој терен го совлада Баерн Минхен со 4:1 со хет-трик на Рафиња.

Вечерашното Ел Класико ќе биде интересно поради тоа што кај Барселона дури осуммина за првпат ќе почувствуваат како е да се игра против големиот ривал: Дани Олмо, Марк Касадо, Пау Виктор, Хектор Форт, Жерар Мартин и Серхи Домингез, но и ветеранот Војчех Шчесни кој пред неколку недели дојде на „Ноу Камп“ како замена за повредениот Тер Штеген.

Кај Реал Белингем, Мбапе и Каманвинга се враќаат во составот, а најверојатно Родриго и Куртоа ќе го пропуштат мечот поради повреди од мечот со Дортмунд. Нивното место ќе го заземат Модриќ односно Лунин.
Карвахал и Давид Алаба исто така се вон стројот. Добра вест е враќањето на Брахим Диаз.
Судија за овој меч е Хозе Мариа Санчез.

Реал ги доби четирите последни меѓусебни дуели со Барселона, а последната драматична победа со 3:2 ја доби благодарение на голот на Белингем во 91 минута откако претходно два пати губеше.
Две победи во Ла Лига и по една во Суперкупот и полуфиналето на Купот на кралот на послдните четири меча.

ПретходноМакедонски тренер ќе води тим во „ветената“ земја
СледноДамите го загубија ритамот во финишот и се поразени од Словачка