ВМФЛ: “Лавовите“ убедливи во дербито, тешка повреда на голманот на Борец кој беше префрлен во болница

733

Се одиграа сите осум средби од 9.коло во ВМФЛ. Во Ѓорче на дербито на колото домашната Македонија ЃП со убедливи 3:0 успеа да слави над Кожув, со овие три бода „лавовите“ ја задржаа лидерската позиција на табелата. Стрелци на головите беа Славков, Христов и Софијаноски.

Брегалница очекува на свој терен славеше против Вардар (Н) со 2:0 и тоа со головите на Фејзулаи и Галевски.

Голем кикс на Арсими на свој терен. Оваа екипа иако домаќин одигра само 0:0 против Скопје и сега од втората падна на четвртата позиција на табелата.

Многу борба во Велес каде мечот меѓу Борец и Детонит заврши без голови. Сепак мечот заврши во сенка на тешката повреда на домашниот голман Јакимовски, кој по еден дуел со гостински играч легна долу на теренот. Му се укажуваше лекарска помош за да потоа беше пренесен во болница.

Охрид реди победи, денеска славеше и против Вардарски со 3:0.

РЕЗУЛТАТИ – 9.КОЛО

Арсими – Скопје 0:0

Башкими – Саса 2:1

Беласица – Осогово 1:0

Борец – Детонит 0:0

Брегалница – Вардар (Н) 2:0

Македонија ЃП – Кожув 3:0

Охрид – Вардарски 3:0

Победа – Новаци 1:0

ТАБЕЛА

Македонија ЃП 22, Брегалница 21, Башкими 20, Арсими 19, Охрид 16…

ПретходноДамите го загубија ритамот во финишот и се поразени од Словачка
СледноУште едно големо признание: Летечкиот Шортс е МВП во Евролига!