Да не си им во кожа. Ова важи за фудбалерите на Инџија, клуб кој се натпреварува во вториот ранг натпреварување во Србија. Некогаш овој клуб играше и во елитната лига а во минатата сезона не се врати таму откако беше поразена во плеј – офот. И тој клуб е во финансиски колапс, не им исплатил плата на своите играчи дури пет месеци.
Играчите се гневни, постојано негодуваат а денеска на мечот против Борац Чачак, и тоа на свој терен, само што почна мечот седнаа на теренот искажувајќи го својот револт со дадената ситуација во која се наоѓаат.