Халанд донесе триумф на „Граѓаните“, Астон Вила испушти победа во 96. минута (видео)

85

Манчестер Сити славеше со 1:0 против Саутемптон во 9 коло на англиската Премиер лига. И покрај тоталната доминација „граѓаните“ победија со само еден постигнат гол и тоа уште на стартот на мечот. Нунеш асистира, а Халанд погодува и тоа на крајот се покажа како конечен резултат. (ГОЛОТ НА ХАЛАНД ОВДЕ)
Сити заслужено славеше затоа што имаше дури 20 удари на гол од кои седум во рамките, за разлика од противникот кој само еднаш се обиде во рамките на голот.

Астон Вила беше блиску до победа над Борнмут но во финишот ги прокоцка бодовите. Тимот од Бирмингем беше подобар ривал имаше повеќе шанси, во 28 минута Мек Гин постигна убав гол но истиот беше поништен по ВАР одлука.
Сепак, офанзивниот пристап и притисокот вродија со плод во 75 минута кога нововлезениот Рос Баркли ја затресе мрежата. Се чинеше дека бодовите ќе останат во Бирмингем, но Борнмут со гол на Еванилсон во шестата минута од судиското продолжение стигна до 1:1 и драгоцен бод од ова тешко гостување.
ГОЛОТ НА БАРКЛИ ОВДЕ
ГОЛОТ НА ЕВАНИЛСОН ОВДЕ 

Жесток меч со шест гола одиграа Брентфорд и Ипсвич 4:3. Гостите по 30 минути водеа со 0:2, а домашните до крајот на првиот дел изедначија на 2:2.
Домаќините поведоа со 3:2, а потоа Ипсвич и покрај тоа што имаше играч помалку изедначи во финишот на мечот. Но тоа не беше се, Брентфорд победи со гол на Мбеумо во судиското продолжение.

Брајтон одигра 2:2 со Вулверхемптон. Гостите стигнаа до реми со два гола во последните пет минути. Евертон и Фулам играат од 18:30 часот.

ПретходноБрињоне славеше во Зелден, Шифрин пропушти победа поради лоша второ возење
СледноРајо со играч помалку до три бода против Алавес